Столтенберг: Не треба да очекуваме брз крај на војната во Украина

72

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека не треба да се очекува брз крај на војната во Украина.
„Повеќето војни траат подолго од очекуваното кога започнаа“, рече Столтенберг во интервјуто објавено денеска од германската медиумска групација „Функе“.

Како што изјави, „мора да се подготвиме за долга војна во Украина“.

„Сите сакаме брз мир. Но, во исто време мораме да признаеме: ако претседателот (Володимир) Зеленски и Украинците престанат да се борат, нивната земја повеќе нема да постои“, рече генералниот секретар на НАТО.

Во врска со напорите на Украина за влез во НАТО, Столтенберг рече дека „нема сомнеж дека порано или подоцна Украина ќе биде во НАТО“.

Како што рече, Киев се приближи до НАТО за време на самитот на алијансата во јули.

„Кога оваа војна ќе заврши, ќе ни требаат безбедносни гаранции за Украина. Во спротивно, историјата може да се повтори“, предупреди тој, пренесе Бета.