Почина „најпознатиот невработен човек во Германија“ – го прослави изреката „сите што работат се глупави“

690

Арно Дибел, човекот кој беше познат како „најпознатиот невработен човек“, почина во Германија на 68-годишна возраст, пишува магазинот „Феникс“.

Дибел починал во болница во Хамбург пред две недели, пишуваат германските медиуми. Тој живеел со децении на државна сметка, велел дека секој што работи е глуп. Го нарекуваа најдрскиот невработен Германец и тоа му донесе слава.

Речиси 50 години живеел без платена работа и на сметка на државната помош. Тој го прослави својот начин на живот, па така рече и дека во 1976 година го прекинал образованието и дека социјалното му ги плаќа станот и останатите трошоци за живот.

Пред 20 години се прослави со изјавата „Сите што работат се глупави“, а често гостуваше и во германски емисии.