Српски „Блиц“: Покрената голема истрага поради труењето на децата во клубот во Белград

92

Откако од медиумите дознаа дека дванаесет деца синоќа биле примени на ВМА во тешка алкохолизирана состојба, Вишото јавно обвинителство во Белград формирало предмет за утврдување на сите околности на овој случај.

Главниот јавен обвинител на ВЈТ во Белград, Ненад Стефановиќ, нареди да се откријат одговорните и во соработка со полицијата да се соберат потребните информации, по што ќе се донесе одлука за квалификација на кривичното дело и гонење на сторителите.

ВЈТ веднаш ќе ја информира јавноста за исходот од собраните известувања.

Како што напиша „Блиц“, во ВМА синоќа биле примени дури 12 деца во тешка алкохолизирана состојба до 2,8 промили алкохол во крвта.

„Беа во тешка алкохолизирана состојба, до 2,8 промили алкохол. Станува збор за сериозна состојба. Загрижува фактот што малолетниците пристигнуваат во ваква тешка состојба“, изјави Иван Лековиќ, доктор на Итната помош на ВМА.

Беше објавена снимка од пред клубот „Синер“ каде се случи овој инцидент, а на видеото се гледаат силни полициски сили, но и возила за итна помош.

– Дваесет и шест лица, од кои 12 се деца помлади од 15 години, се отруени од шпиритус на забава во познат белградски клуб. Цела ноќ ја поминале на VMA, а во крвта им бил пронајден висок процент на етанол – стои на страницата на Инстаграм moj_beo_grad_.