Извршната директорка на Олимпискиот и параолимпискиот комитет на САД, Сара Хиршланд, истакна дека брзината на вакцинирање во САД значи дека спортистите можат да се вакцинираат пред тестирањата и квалификациските натпревари за Олимписките игри во Токио.

  • Ние сме пооптимистични од кога и да е во надеж дека спортистите на американскиот тим ќе бидат вакцинирани пред натпреварите. Се надеваме дека некои ќе бидат вакцинирани пред квалификациите , изјави Хиршланд.

Но, прашањето е како ќе реагираат кошаркарските НБА-ѕвезди, за што зборуваше и Леброн Џејмс, од кои повеќето не сакаат да се вакцинираат…

  • Ова е дискусија што ќе ја разговараме јас и моето семејство. И мислам дека тоа ќе остане во приватната сфера, вели Џејмс, кој е критикуван затоа што не сака да биде пример за афро-американската заедница кога станува збор за вакцинацијата.

Над 60 милиони луѓе во САД веќе примија една или повеќе дози на вакцина, околу 19 проценти од возрасната популација, додека од Белата куќа поставија цел да се вакцинираат 270 милиони возрасни лица до мај годинава.