EPA-EFE/JONO SEARLE

Иако Рафаел Надал одигра многу добро во Мадрид, неговото учество на турнирот заврши во осминафиналето. Тој беше елиминиран од Јиржи Лехечка со 2-0 во сетови (7:5, 6:4), со што Надал на малку тажен начин се прости од мадридската публика, бидејќи ова му беше последен пат да настапува во својата татковина.

На крајот организаторите му подготвија посебен пехар, а потоа одржа говор кој ја расплака публиката на трибините. Сите знаеја дека ова е неговиот „последен танц“ во Мадрид и дека никогаш повеќе нема да го видат на теренот како игра тенис.

  • Ова беше еден од оние моменти, кој ќе дојде, многу е тешко… Но, мојот живот и моето тело веќе подолго време ми праќа сигнали…, започна Рафаел Надал при збогувањето со Мадрид, па додаде:
  • Мојот сон беше да завршам овде, на овој терен. Имав среќа во животот да ја претворам страста во работа. Бев привилегиран…, изјави Надал и истакна дека ќе се обиде да игра во Рим, но дека секако главна цел од оваа сезона е да се обиде да игра на Ролан Гарос, потоа и на Олимписките игри на истиот терен во Париз.
  • Мојот сон е да ги одиграм сите турнири на кои имав успех, барем уште еднаш. За жал, го пропуштив Монте Карло, но во Рим освоив, мислам, десет титули. Сакам да играм таму и да играм добро. Продолжува мојата кариера, имам неколку лични цели за следните неколку недели и сакам да видам дали ќе можам да ги остварам, објасни Надал, кој дефинитивно ќе се повлече од тенисот на крајот од оваа сезона.