Пациентите со „супер-антитела“ имуни на коронавирусот

89

Менаџерот за комуникации од Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфекс, Вирџинија, 54-годишниот Јохан Холис во јули сфатил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чија крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се заразат.

Тој бил многу изненаден кога дознал дека го победил коронавирусот, без да знае дека опасниот вирус влегол во неговиот организам.

„ Крвта на Холис е полна со таканаречени супер-антитела кои го неутрализираат ковидот, дури и кога крвта е разредена 10.000 пати“, изјави патологот од универзитетот Џорџ Мејсон, Ленс Лиота, пренесе Ен-би-си.

Тоа е медицински феномен што може да се најде кај помалку од пет проценти од популацијата кои биле во контакт со ковид-19, покажа студијата, што ја прави крвта на Холис важен извор во потрагата по лек за оваа болест.