Со традиционалното поетеско читање “Мостови” спуштена е завесата на 59-те
Струшки вечери на поезијата кои годинава поради пандемијата траеше пократко од вообичаено.

Почитувајќи ги протоколите за одржување на културни настани, СВП преку скратено и хибридно издание, и во вакви услови успеа да го одржи континуитетот на најстар поетски фестивал во светот.

Годинашен добитник на Златниот венец на поезијата е израелскиот поет Амир Ор кој своето доаѓање во Струга го најави за следната година.

Најпрестижното национално поетеско признание “Браќа Миладиновци” го доби 24- годишната Ива Дамјановски за книгата “Двоумење”. Таа е и најмладиот добитник на оваа награда досега.

Наградата “Мостови на Струга”, што СВП ја доделува во соработка за УНЕСКО за најдобро дебитантско остварување ја доби Мартина Стракова од Словачка.

Признанието “Стојан Христов” пак, за најдобар поет од дијаспората ја доби Тања
Кармзова Костиглоа од Франција. Признанието го доделува СВП во соработка со Агенцијата за иселеништво.