Бевме како машина и затоа лесно ја освоивме титулата

69

Менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, Јурген Клоп, истовремено откри што мисли за изминатата и за престојната сезона во Премиер лигата во која сите ривали ќе сакаат да го симнат неговиот тим од шампионскиот трон.

  • Тешко е да се освои титулата секоја година. Иако изгледаше лесно освојувањето минатата сезона, тоа не беше така. Понекогаш се чувствуваше како да е, но изгледаше така затоа што ние бевме машина за завршување на работите. Моравме да се бориме на секој натпревар, изјави Клоп.

Трофејниот германски стручњак е убеден дека Ливерпул ќе има силна конкуренција во новата сезона која треба да стартува на 12. септември, а во првото коло, „црвените“ за противник ќе го имаат новајлијата во елитното друштво, тимот на Лидс Јунајтед, чии дрес го носи и репрезентативецот на Македонија, Езѓан Алиоски.

  • Знаеме дека ќе имаме тешка сезона. Ќе биде тешко не затоа што станавме шампиони минатата година, туку едноставно затоа што развојот на фудбалот никогаш не запира, додаде Клоп.

Под водство на поранешниот тренер на Мајнц и Борусија од Дортмунд, гигантот од „Енфилд“ по три децении успеа повторно да стане шампион на Англија, а според фудбалските стручњаци на островот, Ливерпул заедно со Манчестер Сити повторно е главен фаворит за шампионскиот трофеј.