Соучек во средниот ред

69

Вицешампионот на Шпанија, тимот на Барселона, најверојатно ќе биде следната дестинација на чешкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлгаш Вест Хем, Томас Соучек. Благодарение на одличните игри во актуелната сезона, дефанзивниот играч за врска го привлече вниманието на раководните лица на каталонскиот гигант кои се подготвени да одвојат околу 25 мил. фунти за неговото обештетување.