Тажната вест емотивно ја потресе популарната пејачка Маја Оџаклиевска: “Не е можно дека мојот другар Сања починал“

652

Македонската пејачка пеела песни од композиторот Александар Сања Илиќ, најголемиот успех го имале на „Сплитскиот фестивал“, а веста за неговата смрт ја затекнала додека била на село со внучето Лука

-Мене ми е ненормално да умре човек на тие негови години на кои умре композиторот Александар Сања Илиќ. Тој за мене сè уште е млад, ќе остане млад, всушност таков му беше карактерот и, ете, замина млад иако почина на 70 години, гушејќи се во солзи кажа популарната пејачка Маја откако дозна дека Сања починал вчера од коронавирус.

Маја во текот на својата богата кариера пеела песни кои Сања ги пишувал за неа. Голем хит со Сања, Маја имала на “Сплитскиот фестивал“ кога триумфално ја освоија публиката во Далмација со прекрасната серенада “Кадену си ми дао“ што тешко им успевало на пејачите доколку не биле од Сплит.

Тажната вест пејачката ја затекна додека е на село каде се одмора заедно со својот внук Лука.
-Не, тоа не е можно, не е можно дека другар ми починал, потресно постојано зборуваше расплаканата Оџаклиевска, која објасни дека со композиторот била и добра другарка, дека знаела за него дека е болен, но не сакала да мисли на најстрашното.     Д.М. фото:Инстаграм