Сончев и топол викенд, потоа зголемување на облачноста и локален дожд

52

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и топло време. Потоа ќе има извесно зголемување на облачноста, а во понеделник ќе има локални врнежи дожд.

Како што најавуваат од УХМР, во текот на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Времето денеска, пак, ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.