Советот за безбедност на ОН ги осуди терористичките напади на аеродромот во Кабул и ја подвлече потребата „да одговараат сторителите, организаторите, финансиерите и спонзорите на овие терористички акти и да се изведат пред лицето на правдата“.

СБ на ОН повтори дека „сите терористички дејствија се криминални и неоправдани, без оглед на нивната мотивација, каде било, кога и од кого и да се извршени“.

Советот за безбедност ги повика сите земји-членки да соработуваат со властите што ги истражуваат експлозиите и „да се борат со сите средства против заканите за меѓународниот мир и безбедност предизвикани од терористички акти“.