СКАНДАЛ ВО НАЈАВА: Озлогласениот вујко на Кејт влегува во „Големиот брат“, а ги знае тајните на кралското семејство!

925

Сите се загрижени за Кејт Мидлтон поради тоа што може да направи нејзиниот вујко Гери Голдсмит.

Вујкото на Кејт Мидлтон, Гери Голдсмит е пред влез во реалното шоу „Големиот брат“, а семејството се плаши од скандалот и срамот што може да произлезе од оваа авантура.

Голдсмит (58) е брат на мајката на принцезата, Керол Мидлтон, а упатените тврдат дека таа е лута како рис. Тој се плаши дека Гери може да открие некои кралски тајни.

Кејт со недели молчи
Оваа вест доаѓа како шок по сето она што го снајде кралското семејство. Кејт имаше операција пред помалку од два месеци, а социјалните мрежи се преполни со теории на заговор за фактот дека таа не се појавува во јавноста со недели.

Иако кралското семејство најави дека нема да објавува никакви вести за состојбата на Кејт доколку не се случи нешто навистина несекојдневно, јавноста е загрижена дека нема вести. На интернет кружат бизарни приказни за тоа како Кејт направила пластична операција, дури се споменува и поставување на „бразилски задник“, потоа како му донирала бубрег на кралот Чарлс, а кулминација е идејата дека принцезата всушност умрела.

На сето ова Кенсингтонската палата одби да даде какви било коментари, а ново „гориво на огнот“ додаде ненадејното повлекување на Вилијам од многу важен семеен собир.

Принцот не се оправдувал, туку само изјавил дека „од лични причини“ нема да може да присуствува на комеморацијата на грчкиот крал. Многумина процениле дека само здравствената состојба на Кејт би можела да биде причина за ваквата необична одлука, пишува Mirror.

Сега загриженоста за Кејт е зголемена на црвен аларм, бидејќи однесувањето на нејзиниот вујко во реалното шоу „Големиот брат“ може да предизвика нераскажан стрес за принцезата. После се што поминаа таа и Вилијам со Меган Маркл и принцот Хари, вакво нешто навистина не и треба.

Црна овца
Гери Голдсмит долго време се сметаше за „црна овца“ на семејството. Бизнисмен чија ИТ компанија му донесе богатство со години е под скандал по скандал. На првата венчавка, една од деверушите беше Кејт Мидлтон, тогаш девојче, но Гери се ожени уште три пати. Успеа да го избегне затворот по насилството врз четвртата жена, но осудата во јавноста беше голема. Пред десет години бил фатен на Ибица како дели кокаин со проститутка.

Меѓутоа, бидејќи наводно многу ги сака и почитува Кејт и Вилијам, многумина се надеваат дека кнежевската двојка ќе биде поштедена од срамот. Дали мајката на Кејт, Керол, како и самата Кејт, ќе спие мирно додека чичко Гери е пред камерите на „Големиот брат“?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)