Актуелниот носител на МВП наградата во НБА лигата, Јанис Адетокумбо изјави дека се чувствувал непријатно без кошарка за време на паузата во НБА поради пандемијата од коронавирус.

  • Се чувствував изгубено некое време. Мојот живот не е ист без кошарката, истакна 25-годишниот крилен играч на Милвоки.

Пред крајот на сезоната, „грчкиот фрик“, како што го нарекуваат во САД, имаше 29,6 поени (трет во лигата), 13,7 скока (трет) и 5,8 асистенции (23-ти) во просек по натпревар.