Израел: Усвоен контроверзниот закон за прогласување вонредна состојба

31

Изреалскиот Кнесет усвои „Голем коронавирус закон” што и овозможува на Владата да прогласи вонредна состојба и да примени вонредни мерки за да се справи со пандемијата, без дозвола од парламентарниот комитет што е задолжен за тоа.

Законот е усвоен со 48 гласови „за” и 35 гласови против.

Според новиот закон, што ќе важи до јуни следната година, изреалската Влада ќе може да прогласи вонредна состојба во времетраење од 60 дена, доколку има соменение дека постои ризик од ширење на новиот коронавирус и значителна штета на јавното здравје.

Доколку ситуацијата се подобри, ќе биде укината вонредната состојба.

За разлика од претходниот, привремен закон, полицијата нема да може да влегува во приватни домови без наредба од судот.

Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Израел во последните 24 часа надмина 2.000 втор ден по ред, соопштија изреалските здравствени власти.

Најмалку 2.027 лица се тестирани позитивни на новиот коронавирус, а стапката на инфекција е 8.3 проценти, односно секој дванаесетти тестиран е позитивен за новиот вирус.