Се чисти и уредува северната страна на кејот на Вардар

170

Екипи на градските јавни претпријатија континуирано работат на терен на чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром.

Како што информираат од Градот, оваа акција која започна изминатата недела, се реализира во соработка со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката.

Оваа запоставена страна од кејот на Вардар, наскоро ќе стане нов добро уреден јавен простор.