Нема човек во светот кој не се заплеткал во сопствените грешки барем еднаш во животот и тоа само затоа што сакал да помогне некому. Токму тоа му се случи на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер во светот сакајќи да собере средства кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели го организираше регионалниот турнир „Адрија тур“.

И додека првиот турнир од оваа серија во Белград помина беспрекорно, во Задар претрпе фијаско. Неколку дена по престојот во овој хрватски град се покажа дека Бугаринот Григор Димитров е заразен со Ковид 19. Ова беше причина да биде откажано финалето, а сите учесници и сите кои биле во контакт со нив мораа да направат тест. За жал, тестовите кај некои од нив беа позитивни, вклучувајќи го и тестот на Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.

Токму ова беше причината тој да биде распнат на нож од своите колеги, но и од медиумите низ светот, а најостар кон критиките беше угледниот француски весник Л’Екип.

„Загубеното топче“ е насловот на насловната страница на овој весник, а како прилог во текстот е карикатура на Ѓоковиќ облечен како „дворска будала“ со детали од коронавирусот на него.

Францускиот весник „Л’Екип постави карикатура на насловната страна од Србинот, облечен како „дворска будала“ со детали од коронавирус, додека британскиот новинар Чарлс Вотс напиша дека новак конкурира за наградат идиот за оваа година

„Кој сака да биде гушнат?“, пишува во илустрацијата на Новак кој е прикажан со раширени раце.

Освен францускиот Л’Екип, и други го критикува, а може да се каже и дека го навредуваа светскиот тениски рекет број еден. Британскиот новинар Чарлс Вотс напиша: „Новак Ѓоковиќ навистина прави импресивни обиди да ја добие наградата  идиот за 2020 година“.

По целиот настан се огласи и самиот Ѓоковиќ. Тој изјави дека му е многу жал и им се извини на сите кои поради него сега се во опасност да бидат или пак се заразени со смртоносниот вирус.

-Длабоко се извинувам на сите на кои им нанесов штета. Се што направив во изминатиот период направив со искрени намери и чисто срце. Веруваме дека турнирот ги исполни сите здравствени протоколи и дека нашиот регион беше во доволно добра состојба да ги соедини луѓето. Погрешивме, беше прерано. Не можам да ви опишам колку ми е жал заради секој еден што се зарази додека беше на турнирот, изјави Ѓоковиќ.

Сепак, турнирот „Адрија тур“, кој требаше да му донесе поголем публицитет на Србинот, преку кој ќе помогне на многумина, даде само спротивен ефект. Новак моментно се бори со критики од сите страни, а од некои од колегите веќе е побарано тој да биде симнат од местото претседател на играчите при Советот на АТП.