Се расчистува депонијата кај Пелагониска база

90

Општината Крива Паланка во соработка со јавното претпријатие „Комуналец“, спроведува активности за расчистување на огромната депонија од градежен отпад, земјен материјал, а  делумно и од комунален отпад  на локалитетот Пелагониска база во населба Грамаѓе.

Од страна на надлежните служби при Општината е поставена и табла за забрането депонирање на отпад, а  комуналните редари ќе вршат контрола на локалитетот и за секој нарушител на просторот кој ќе истовара отпад ќе изрекуваат санкции согласно на законите и прописите.