Официјално најдобриот ракометар во Европа, Петар Ненадиќ го критикуваше системот во српскиот ракомет по неуспехот на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Тој веќе две години не игра за репрезентацијата на Србија, односно по Европското првенство во Хрватска во 2018 година, смета дека на „орлите“ им е неопходен добар селектор.

-Тогаш реков дека повеќе немам сила. Сешто се нагледав во српската репрезентација и доживеав многу. Атмосферата секогаш беше добра, но освен Врањеш и Хасанефендиќ, немавме друг добар селектор, изјави Ненадиќ.

Бекот на унгарскиот Веспрем има голема желба да се врати во репрезентацијата, но само ако на клупата седне добар селектор.

-Во години сум кога можам да дадам многу за репрезентацијата, имам и волја и желба, нека донесет добар селектор и сите заедно да почнеме да работиме. Вака веќе ништо не оди, изјави Србинот.

Според неговите зборови главниот проблем е суетата на српските селектори.

-Нашите селектори мислат дека играчите треба да ги бараат, молат и бркаат, а ги гледам останатите како ги посетуваат своите ракометари по светот, ги бараат, разговараат со нив и се дружат. Тоа не е случај кај нас.

Србија првенството во Грац го заврши со три порази од Белорусија, Црна Гора и Хрватска.

-Секој јануари иста приказна, секоја година зборуваме идентични работи и ништо не помага. За 15 години само два пати поминавме во вториот круг. Резултатот во Грац е слика и прилика на нашата репрезентација , кој последните 20 години не функционира, го водат погрешни луѓе, нема систем, цел, план…

На крај Ненадиќ, за генерацијата која многу ветуваше истакна дека не им замерува ништо на играчите и дека нема проблем со сегашниот селетор Ненад Перуничиќ.

-Дали некој ќе преземе одговорност за пропасата на српскиот ракомет? Ова веќе нема смисла. Сите возови одамна поминаа, ние веќе немаме ништо, го допревме дното. Нека сите си преземат одговорност и нека си заминат, тоа е единственото решение за да почнеме од почеток, заклучи Ненадиќ и остави порака „Доколку сега работите не се променат и сите не си одат, не ни гине катанец на ракометот.“