Се одржа хуманитарен концерт за набавка на лектири

87

Општинска организација на Црвен крст – Кичево и Клубот на млади во вторникот вечерта во Центарот за култура „Кочо Рацин” во Кичево организираше предновогодишен хуманитарен концерт под мотото „Разиграни ноти“, а средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за набавка на училишни лектири.

На концертот настапија учениците од основните училишта „Санде Штерјоски“,
„Владимир Полежиноски“, „Кузман Јосифоски-Питу“ и детската градинка „Олга Мицеска“, а солистички настап имаа и пијанистката Ана Софрониевска и групата „Халф голд”.