Се обновуваат прозорците и вратите во градинката „Мајски цвет“

55

Почна целосната замена на прозорци и врати во градинката „Мајски цвет“ се со цел постигнување поголема енергетска ефикасност.

На овој начин, како што соопшти денеска Општина Карпош, ќе се придонесе за помали трошоци за електрична енергија.

-Овој период, кога е прекинат воспитно-образовниот процес се користи за да се подобри состојбата во оваа детска установа која со години беше во лоши услови. Интензивно се работи на подобрување на условите во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, долж улицата „Варшавска“. Започна целосната замена на прозорци и врати во објектот, со што ќе се постигне поголема енергетска ефикасност- информираат општинските власти.

Оттаму посочуваат дека во градинката веќе се работи и на санација на тоалетите и подобрување на хигиенско – санитарните услови, а ќе се продолжи и со обнова на подот, кровната површина и фасадата.

Локалната самоуправа, како што наведува во соопштението, продолжува со унапредување на условите во предучилишното образование.

Претходно, во Карпош почна со работа и целосно новиот објект на градинка во Бардовци, „Виножито“ – во склоп на ЈОУДГ „Распеана младост“, како и објектот „Јасмин“ – во склоп на ЈОУДГ „Мајски цвет.