Принцот Хари наводно им се пожалил на пријателите дека животот му се завртел наопаку откако го напуштил кралското семејството и се преселил во САД.

Принцот на крајот на март официјално ги напушти сите кралски должности кои ги имаше како внук на кралицата Елизабета и син на принцот од Велс, и со сопругата Меган и 11-месечниот син Арчи се пресели прво во Канада, а потоа во САД.

На Хари, како што тврдат неговите блиски пријатели, најмногу му недостасува војската. Кралицата го ослободи Хари од сите кралски, но и воени должности кои ги имаше низ годините.

„На Хари му недостасуваат воените обврски. Вели дека се чувствувал многу посигурно додека бил во војска“, рекол неименуван извор за британскиот Дејли Мејл.

Принцот Хари во војската бил капетан на Велс, а имал уште неколку чинови. Двапати бил во мировни мисии во Авганистан.