Се бара купец за Хави Мартинез

158

Играчот од средниот ред на Баерн, Хави Мартинез може да го напушти тимот од Минхен на крајот на сезоната 2020/21, пренесуваат германските медиуми. Шпанскиот интернационалец има договор до 2021 година, а баварскиот клуб не сака никакво продолжување на соработката.

Баварскиот гигант сака ова лето да се ослободи од услугите на искусниот играч за врска и така да заработи каква-таква парична сума од неговото обештетување. Триесет и едногодишниот Мартинез оваа сезона има одиграно 18 натпревари за Баерн (М), а голем интерес за неговите услуги покажува неговиот поранешен клуб Атлетик (Б).