Додека во Македонија се готват протоколи, во Србија дојде живот!  

Расте бројот на оздравени од Ковид -19, состојбата под контрола.Како што потврди министерот за здравство Венко Филипче, враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено, внимателно и со задолжително почитување на мерките за заштита. Тој, охрабрен од бројката на оздравени пациенти, смета дека ја добивме првата битка со коронавирусот. Но предупредува дека треба да бидеме сите совесни и одговорни за да успееме да ја држиме ситуацијата под контрола. Во Србија почнаа да работат и рестораните и другите видови на угостителски објекти, со задолжителни протоколи. Кај нив меѓу масите има поставено штитници од плексиглас и можат да седат само 4 лица со задолжително носење на маски

372

Македонија се подготвува да го нормализира животот во земјава за што стручните медицински лица и претставниците на Владата интензивно работат на изработка на протоколи и начин на кој животот во иднина ќе биде организиран.

Како што потврди министерот за здравство Венко Филипче, враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено, внимателно и со задолжително почитување на мерките за заштита. Тој, охрабрен од бројката на оздравени пациенти, смета дека ја добивме првата битка со коронавирусот. Но предупредува дека треба да бидеме сите совесни и одговорни за да успееме да ја држиме ситуацијата под контрола.

Оптимизмот на министерот се должи на тоа што во изминатите денови поголем е бројот на оздравени од новопотврдени на ковид-19 , како и поради добрата состојба на 37-годишен пациент кој 12 дена беше на респиратор во ГОБ „8 Септември, а сега се опоравува. Тој е прв во државава од почетокот на епидемијата кој е исклучен од машина и сега може самостојно да дише.

За пациентот директорот на болницата, Христијан Костов вели дека сега тој сам дише, зборува и е свесен.

–Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на одделение – вели д-р Костов и дополнува дека пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови.

Во оваа болница уште тројца пациенти се на респираторна машина.

За постепеното нормализирање на секојдневието се подготвуваат протоколи од Комисијата за заразни болести и Владата, односно Министерството за здравство.

Министерот за економија Крешник Бектеши деновиве најави дека Владата, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести интензивно работат на протоколите што ќе бидат основа за донесување на одлука за отворање на кафетериите и рестораните. Министерот Бектеши истовремено најави дека за угостителскиот сектор ќе следува и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени.

Што се однесува за работата на градинките, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, соопшти дека и тие работат на протокол со кој ќе се овозможи повторно отворање на градинките и нивно безбедно функционирање.

Во соседна Србија од понеделник ќе бидат отворени градинките, но само за здравите деца кои по прегледот од матичниот лекар и добиената специјална потврда дека можат да одат во градинка. Во однос на храната што се дава во овие установи тие треба наутро дома да се најадат, а во градинката ќе добијат само спакувана храна.

Во Србија почнаа да работат и рестораните и другите видови на угостителски објекти, со задолжителни протоколи. Кај нив меѓу масите има поставено штитници од плексиглас и можат да седат само 4 лица со задолжително носење на маски. Кај овој сосед почна да сообраќа и јавниот превоз, каде се обележани столовите каде може да се седи и каде може да се стои. 

Од почетокот на епидемијата во земјава ковид-19 е потврден кај 1.572 лица, оздравени се 1.079 и починати 89. Активни случаи има 405. Една третина од вкупниот број заразени (526 ) се во Скопје, а следна општина по број на дијагностицирани е Куманово со 402. Случаи со потврден вирус има во уште 26 градови. Од кога е почната епидемијата со коронавирусот само во Берово и Свети Николе не е регистриран ниту еден заразен со ковид-19.

Општината Кисела Вода информира дека до 12 мај нема да работи со странки откако вработен се заразил со вирусот, а пет негови колеги кои биле во контакт со инфицираниот ќе бидат во карантин. За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е и Центарот за јавно здравје. На странките кои имаат прашања до Општината им е препорачано да се обратат телефонски.

Во болницата во Битола се лекуваат тројца пациенти, во штипската болница четворица, а на инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.

Во Штипскиот регион се регистрирани 34 случаи, од кои двајца се починати. Над 80 отсто од случаите веќе се во бројката на излекувани, меѓу кои и здравствените работници и тие се на своите работни места.

Позитивни вести има и од Тетово каде што за првпат немало лица кои се упатуваат за 14-дневна изолација во нивните  домови како суспектни на коронавирусот. Немало потреба од издавање решенија од Државен санитарен и здравствен инспектора или изјави за самоизолација.

(В.Ма.)