Се бара купец за Рабио

56

Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да се ослободи од услугите на францускиот интернационалец, Адриен Рабио. Челниците на „старата дама“ веќе не кријат дека не се задоволни од игрите на искусниот играч за врска, а проблем плус за Јуве е и фактот дека поранешниот фудбалер на францускиот гигант ПСЖ има годишна плата од околу 7 мил. евра.