„Владите мора да спроведат сериозни и ефективни политики за благосостојбата на семејството за да се спротивстават на падот на наталитетот и стареењето на населението“, рече денеска папата Франциск, повикувајќи ги младите да имаат верба во иднината.
Говорејќи на конференцијата за се потешката демографска криза, Франциск рече дека бројот на родени е показател за „надежта на луѓето“, и дека Европа се повеќе се претвора во „стар, уморен и резигниран“ континент.
„Потребни се ефективни политики, храбри, конкретни и долгорочни одлуки. Потребна е поголема посветеност на сите влади за да им се овозможи на младите генерации да ги остварат своите легитимни соништа“, рече Папата.
Стапката на наталитет во Европа падна на 1,5 раѓања по жена во последната деценија. Ова е повисоко од најниските нивоа како оние во Источна Азија, но многу помалку од 2,1 потребни за одржување на населението.
“Постои факт што ми го кажа еден демограф. Моментално најпрофитабилни инвестиции се оние во фабрики за оружје и контрацепција. Едниот го уништува животот, другиот го спречува. Каква иднина имаме? Тоа е грдо”, рече папата Франциск.
Бројот на раѓања во Италија падна на рекордно ниско ниво во 2023 година и се намалува веќе 15-та година по ред.
„Домовите се полни со предмети, но без деца, стануваат многу тажни места. Не недостасуваат мали кучиња, мачки. Нема недостиг од тоа. Има недостиг од деца“, рече папата Франциско.