Се бара купец за Дибала

51

Поголемиот дел од италијанските медиуми се убедени дека актуелниот шампион, тимот на Јувентус, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да се ослободи од услугите на аргентинскиот интернационалец, Пауло Дибала.

Со купувањето на Кристијано Роналдо, Дибала падна во втор план, а секогаш кога ќе добие шанса во првиот тим, крилниот напаѓач игра под очекуваното ниво. Челниците на “старата дама” ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда не е помала од 100 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажаа челниците на Реал (М), Манчестер Јунајтед и Интер.