Сеќавања на Огњен Амиџа: “Маџгаљ почина од рак, да беше жив, ќе се скаравме“

619

ТВ-водителот Огњен Амиџиќ-Амиџа е една од многу популарните ТВ-личности на овие наши простори. Со години, на телевизија „Пинк“ си има свое ток-шоу – „Амиџа шоу“, во кое гостуваат и оние, за многу други водители, недопирливи познати личности од различни професии.                                                                                                    Но, Огњен долго време беше и пејач во познатото дуо „Фламингоси“, заедно со популарниот актер Маринко Маџгаљ. Дуото престана да постои. Маринко во 2016 година почина од рак на панкреасот. Да беше жив, годинава во август ќе го прославеше својот 44. роденден. Секоја година, во овој период, пријателите се сеќаваат на Маринко, на кого се сеќава и македонската публика. Сепак, највпечатливи сеќавања на има неговиот колега од „Фламингоси“, Огњен Амиџиќ.

– Маринко не им придаваше големо значење на своите родендени, најчесто ги славевме со него онака како што ни беше расположението – вели Амиџа.

Тој не го сакаше оној вештачки гламур со илјадници балони и лампиони. Сакаше прославата да биде спонтана, со излегување во некое кафуле со добро друштво, кое обично завршуваше со некои омилени песни на гитара. Неговите родендени често ги прославувавме на нашите свирки, па знаев среде настап да извадам педесет евра или онолку колку што имав во тој момент, да му ги залепам на чело и да се пошегувам дека го честам.

Амиџа не ги заборава ниту нивните згоди и незгоди од долгогодишното другарување.

– Ние двајца знаевме многу да си кажеме еден на друг и кога молчевме. А, кога ќе почневме да муабетиме, не се знаеше до каде ќе оди муабетот. Е, сега да можам да го вратам времето, би му рекол на Маринко да биде побавен во зборувањето, бидејќи од него не можев да дојдам до збор. Дури знаевме да се скараме за тоа, па потоа пак да молчиме. (Д.М.)