Грција не планира да се врати на строгите рестриктивни мерки ниту во случај на нов бран на епидемијата наесен, информираат од грчкото Министерството за здравство.

Сите експертски прогнози предупредуваат на нов бран на коронавирусот наесен, но Грција не планира да се врати на рестриктивните мерки, изјави министерот за здравство Танос Плеврис. Можно е само во области со многу висок број случаи да се воведе носење маски на јавни места.

Професорот д-р  Теодорос Василакопулос коментира дека според набљудувањата и анализите на научниците во Грција, не се очекува подваријантата „Кентаур“ на „Омикрон“ да достигне размери на епидемија.

Четврта доза од вакцината се препорачува за луѓе постари од 60 години.

Министерството за здравство во Атина информира дека е примена првата серија вакцини против мајмунски сипаници. Дозите засега се наменети само за лица кои биле во контакт со заразени лица, како и за лекари во болниците.