Случајот со Кастер Семенија, која поради вишок на тестостерон во крвта има голема предност во однос на останатите конкуренти, не губи на актуелност.

Семенија е неприкосновена шампионка од 800 метри, но доби забрана да се натпреварува во женска конкуренција затоа што има повеќе тестостерон отколку што дозволуваат правилата на ИААФ.

Еден член на Советот на ИААФ и професор по биохемија, Хозе Марија Одријазола, смета дека ова е многу комплицирана тема и дека, од научна страна, Семена е биолошки маж.

  • Ова не е правило против неа, туку правило за сите. Едноставно, никој не ја доведува во прашање нејзината женственост, ниту ја класифицира како машко, туку од научна гледна точка – таа е биолошко машко. Нормално е дека жените имаат до 2,5 наноми на тестостерон на литар крв. ИААФ ја зголеми горната граница на пет наномоли на литар, двојно повеќе, а таа има повеќе од тоа. Семенија има повеќе тестостерон од повеќето мажи, изјави Одриозола.

Поради оваа причина, Јужноафриканката има огромна предност во однос на другите конкуренти.

  • Вештачкото зголемување на нивото на тестостерон во машка конкуренција е допинг. Тоа е хормон кој ја зголемува силата и издржливоста. Само запомнете ги солзите на девојчињата кои трчаа со Семенија на Олимпијадата во Рио де Жанеиро. Тие плачеа затоа што беа свесни дека не можат да направат ништо. Разликата е огромна, едноставно – не е фер за другите девојки кои тренираат, вежбаат и работат напорно и немаат апсолутно никакви шанси да бидат подобри од неа, заклучи членот на Советот на ИААФ.