Кошаркарскиот клуб АЛБЕС, кој како новоформиран клуб успеал да ги надминува финансиските проблеми со кои се соочуваше, сега и официјално ја достави својата апликација да биде дел од Втората македонска кошаркарска лига. Но, она што е интересно за овој клуб е тоа што сака да ангажира квалитетни играчи со објавување оглас на – Фејсбук.

  • КК АЛБЕС најавува дека е во потрага на квалитетни кошаркари, со кои атакуваат да бидат дел од најдобрите четири екипи во Втората лига. Сите заинтересирани кошаркари можат да контактираат на е-пошта на клубот, се вели меѓу другото во соопштението на новиот второлигаш.