Водителката сака да легне покрај тигарот, но вели: “Немам тигрест купаќи“

369

– Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигрести купаќи, така Тина Мицковска од скопската зоолошка градина ги повика сите наши новопечени инфлуенсерки кои обожаваат да си направат селфи со своите омилени животни. Иако Лила не правела фотосесии во скопската зоолошка, водителката, кој знае од кои причини се почувствува повикана по прозивката на ПР-от на зоолошката градина во Скопје.

– Баш сакав да легнам покрај тигарот, ама немам тигрест купаќи, види смисли нешто, возвратила во својот духовит стил атрактивната Лила. А, дали Лила заборавила случајно или не дека во својата гардероба сепак има тигрест костим за капење, со кој би можела да легне покрај тигарот, останува да видиме. И дали ќе има храброст да ѝ се приближи на ѕверката? Сè поради еден токму таков тигрест костим за капење или како што вели Лила онака “по скопски“: немам тигреста купаќа. Имаш Лила, имаш! Тигарот, те чека за едно згодно селфи! Д.М.