Светот е пред долг пат до смирување на пандемијата – предупредува СЗО

416

Ќе треба долго време пред да се намали ризикот од коронавирус, изјави денеска висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека откривањето на вакцината не гарантира победа над ковид-19.

Пред светот е долг пат пред да се стави под контрола пандемијата со коронавирусот, иако многу земји ги преземаа првите чекори во враќање на живото во нормала, предупреди денеска Мајк Рајан, задолжен за програмата за вонредна состојба при Светската здравствена организација.

„Ќе треба долго време пред да го исклучиме алармот“, посочи тој и додаде дека ризикот е многу висок на национално, регионални и светско ниво, пренесе Ројтерс.

Земјите во кои епидемијата се смирува мора да бидат внимателни и да преземат чекори за да спречат нов бран, рече тој, наведувајќи ги Јужна Кореја, Кина и Германија како позитивни примери.

Претставникот на СЗО предупреди дека новиот коронавирус веројатно ќе циркулира до одреден степен наместо да исчезне.

„Овој вирус никогаш не може да исчезне“, истакна Рајан.

„Она од што сите се плашиме е „магичниот круг“ на јавно здравје и економскаи катастрофи, ако се укинат карантините без можност за откривање на нови епидемии, рече Рајан, додавајќи дека е неопходна многу значајна контрола на вирусот за да се намали сегашната проценка на ризикот.