Санчо ќе има неделна плата од 375.000 евра

58

Еден од најдобрите играчи на Борусија од Дортмунд, Џејден Санчо, најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед.

Според „Билд“ и бројни островски медиуми, двата клуба практично постигнале договор за трансфер на фудбалерот, а се бара само начинот на кој ќе се изврши плаќањето на целиот трансфер.

Санчо (20) наводно веќе се договорил сè со Јунајтед, тој е задоволен од условите што му се понудени, а тоа е петгодишен договор со неделна плата од 375.000 евра.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, еден од најсигурните извори кога станува збор за трансферите, рече дека „двете страни се заклучени во преговори“ и дека останува практично да се договорат само за конечната цена на обештетувањето и за динамиката на плаќање.