Францускиот лекар и физиотарепаевт Бен Луз, говореше за кариерата на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, односно неговите проблеми со повредите. Тој истакна дека „Бикот од Мајорка“, никогаш не се откажал и дека натпревсарите ги играл и кога имал силни болки. Него во текот на кариерата најмногу го маче повредите на колената.

-Постојат луѓе кои изгледаат како ништо да не ги боли. Постојат луѓе од спортот кои на скалата до десет ќе речат дека чувствуаат болка до три, додека во случајот на Надал тоа е седум. Надал е тенисер кој ќе игра повреден се додека не може да стои на нозе, изјави Луз и дополни:

-Тоа го видовме кога Надал се повлече од Ролан Гарос заради скрченица на стапалото. Тој го имаше истиот проблем и како тинејџер. Таквите скршеници не се добиваат без причина. Тој оди многу над границите на нормалното, она што обичниот човек навистина го може.

Сега, кога е во позрели години тој внимателно бира на кои турнири ќе игра.

-Може да видиме дека и покрај тоа што се сооува со многу повреди во кариерата се уште игра на највисоко ниво Денеска тој економично им пристапува на турнирите, бира да учествуван а што помал број турнири, бидејќи календарот е многу густ, Но, Рафа е ментално многу силен, направи кариера и покрај проблемите. Многу доктори му рекоа дека нема дам оже да игра тенис заради повредите, меѓутоа тој докажа дека сите погрешија, заврши Французинот.

Надал, пак дефинитивно го откажа учеството на САД Опен, проценувајќи дека патот и настапот во Њујорк би претставувал преголем ризик за неговото здравје во период на втор бран од „Ковид-19.“

-По долго размислување решив да не настапам на овогодинешното издание на САД Опен. Ситуацијата ширум светот е премногу компликувана, бројот на заразени од коронавирусот се зголемува и се чини дека повторно немаме контрола над болеста. Со сета почит кон фановите и кон организаторите на турнирот за вложениот труд, решив дека патот во оваа земја ќе претставува преголем ризик, порача Надал.