САД за утре бараат седница на СБ на ОН за Северна Кореја

21

САД бараат Советот за безбедност на ОН да се состане како одговор на последната ракетна проба на Северна Кореја, во која лансираната ракета прелета над Јапонија, јавува ДПА.

Иманентно е барањето за седница на најмоќното тело на ОН во среда, изјавија денеска дипломати на Ист Ривер.

Бидејќи 5 октомври е класифициран како ден за одмор, не е јасно дали советот од 15 членки навистина ќе може да расправа во среда.