Руските сопруги и мајки на Путин му порачаа: Престани да ги испраќаш нашите синови на колење!

77
Фото: Telegram

Група сопруги и мајки на руски војници го повикаа претседателот Владимир Путин да престане да ги праќа нивните сопрузи и синови „на колеж“, принудувајќи ги да им се придружат на јуришмните групи без соодветна обука или залихи. Снимката е објавена на независниот руски Телеграм канал СОТА.

Жените во видеото велат дека нивните најблиски биле „принудени да им се придружат на јуришните групи“ на почетокот на март и покрај тоа што имале само четири дена обука откако биле мобилизирани. Две жени заедно држат знак на руски, пишува CNN.

„Тие се подготвени да и служат на својата земја, но не како јуришници“
„Нашите мобилизирани се испраќаат како јагниња на колење да ги нападнат утврдените области – пет по пет, против 100 непријателски луѓе вооружени до заби. Тие се подготвени да и служат на татковината, но според специјализацијата за која беа обучени, не како јуриш. Ве молиме да ги повлечете нашите момци од линијата и да им дадете на топџиите артилерија и муниција“, вели една од жените.