Тлото во Турција никако да се смири:Денеска земјотрес со јачина од 4,4 степени во централниот дел од земјата

60

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 22 километри југозападно од Гоксун и 63 километри северозападно од Кахраманмарис, на длабочина од 10 километри.

Турција и Сирија беа погодени од два разорни земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе.