Русија: Двајца загинати, 17 повредени во експлозија на гас

123

Две лица загинаа, а 17 се повредени денеска при експлозија на гас во деветкатна станбена зграда во градот Ногинск, источно од Москва, објави Рускиот истражен комитет на својата веб -страница.

За време на отстранувањето на урнатините, пронајдени се телата на две жртви, 17 лица се повредени, од кои шест, вклучувајќи две деца, итно се пренесени во болниците со повреди со различна тежина, објави ТАСС С.

„Останатите повредени беа згрижени на лице место“, истакна Истражниот комитет.

Експлозијата предизвика уривање на првите три ката на зградата, како и нејзино делумно уривање од петтиот до третиот кат.

Како што продолжува отстранувањето на урнатините, ќе се прецизира бројот на жртвите, истакна Истражниот комитет. Експлозијата на гас се случи утрово во станбена зграда во стан на третиот кат.