Спортскиот директор на Рома, Џанлука Петраки ги реши сите дилеми во однос на трансферот на Николо Заниоло, истакнувајќи дека тој никогаш не го ни ставил 20-годишниот играч на пазарот.

– Можам да кажам дека денес Заниоло не е на пазарот, изјави спортскиот директор на Рома, кој додаде дека мора да работи за да го извлече најдоброто од Николо.

Николо Заниоло е еден од играчите кој се споменува најмногу во Италија ова лето, откако минатата сезона сјаеше во дресот на римскиот клуб и неговите игри го привлекоа вниманието на многу клубови.

Јувентус и Тотенхем покажаа најголем интерес за Заниоло, дури понудија и играчи за размена и пари, но беа одбиени од „волчицата“.

Сегашната цена на пазарот на Заниоло достигнува 40 милиони евра, а тој има договор со римскиот клуб до 2023 година.