“Роман на годината 2018“: Вкупно 36 наслови ќе се натпреваруваат за титулата најдобар

123

Триесет и шест романи се пријавени на 20. конкурс за наградата “Роман на годината 2018“, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности “Славко Јаневски“.

Годинашниот добитник ќе биде соопштен најдоцна до 15 март до кога жирито (Фросина Пармаковска – претседателка и минатогодишна лауреатка, Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева) ќе направи неколку селекции на романите.

Насловите се: “Девици и волци“ – Александар Алексов (самостојно издание), “Страв од варвари“ – Петар Андоновски (Или-или), “Пеколот од детството“ -Атанас Бојаровски, “Втор откос“ – Дејан Величковски, „Тажна приказна за среќни луѓе“ -Андреј Волкашин, „Последното име на иднината“ – Живко Грозданоски, „Глобалните ѕвезди на небото“ – Јован Дамјановски, „Благослов или проклетство“ – Јован Дамјановски, „Пинокио и вештерката“ – Наташа Димитриевска, „Карангел Бруснички“ – Илко Димитриески, „Разголена душа“ – Марта Димитров, „Златниот часовник што го запре времето“- Константин Дораковски, „Барутни облаци“ – Бранислав Ѓорѓевски, „Суденик“ -Гојко Ефтоски, „Лидија, или се што знам за жените“ -Тихомир Јанчовски, „Заробеник во сопствениот живот“ -Катарина Јовчевска, „Пливање спротиводно“ -Ненад Јолдески, “Послушен брод што плови“- Ирена Јорданова, „Земја на бегалци“ – Кица Колбе, “Неизгубливи нешта“ -Никола Кочовски, „Еретички писма“ -Стефан Марковски, „Сага за тројство“ – Зоран Милошевски, „Меѓу чаршијата и црквата“ – Димитар Пандев,, „Последниот воз за Загреб“ -Владимир Попов, „Небото над реката Чарлс“ – Катерина Серафимовска, „Марика и стравот“ – Емилија Славковска, „Ирис на фортуната“ – Цвета Спасикова, „Утеха за голите“ – Давор Стојановски, „Овде или во вечноста“- Билјана Тинтоска, „Души близнаци 11:11“ – Весна Здравковска Трајковска, „До дваесеттата“ – Добре Тодоровски, „Бојана на Тодор“ – Божана Тренческа, „Маџун“ – Влада Урошевиќ,„Луѓе без минато“ – Ивица Челиковиќ, „101 живот“ – Весна Мојсова-Чепишевска и Елена Атанасиу и “Некој бил тука“ – Николина Андова Шопова.