Речиси 70.000 косовски пензионери што немаат 15 години стаж ќе добиваат делумна пензија

198

Косовскиот премиер Аљбин Курти најави дека по усвојувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за државните пензиски шеми, оние што не го исполниле условот од 15 години стаж до почетокот на 1999 година, сега ќе добиваат делумна пензија.

– Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државните пензиски шеми, со кој се додава нова пензиска шема, пензија со делумни придонеси. Речиси 70.000 пензионери што не по своја волја дале отказ во 90-тите, а во 1999 година не достигнале услов од 15 години стаж, отсега ќе добиваат делумна пензија – напиша Курти на Фејсбук.