Реставрирани италијански филмови во Кинотека

115

Во Кинотеката од 20 до 28 октомври љубителите на филмската уметност ќе имаат ексклузивна можност да ги проследат реставрираните италијански филмови во режија на култните Бернардо Бертолучи, Еторе Скола, Џовани Пастроне, Нани Морети…

Се работи за наслови кои се снимени во распон од почетокот до крајот на 20 век. Неделата на италијански реставрирани филмови стартува со филмот „Тераса“ во режија на Бертолучи, на 20 октомври (20 ч). Втората вечер е проекцијата на исклучителниот филм „Кабрија“ од 1914  кој бил инспирација и за пионерот на американската кинематографија Дејвид В. Грифит за неговите епски остварувања, а ќе биде проследена со музика во живо во изведба на Марио Маријани од Италија.

Програмата ги содржи и дебитантскиот филм на Бертолучи, „Мрачниот жетвар“ од 1962, но и неговиот можеби најконтроверзен филм, “Последно танго во Париз“, реализиран една деценија подоцна. Ќе може да се види и новиот живот на класичните дела на големите мајстори на филмот како “Толку се сакавме“ и „Терасата“ на Еторе Скола, „Италијанци добри луѓе“ на Џузепе де Сантис, „Црвениот терен“ на Нани Морети, како и првиот американски филм на браќата Паоло Тавијани и Виторио Тавијани „Добро утро, Вавилон“.