РАСПРОДАЖБА ВО ТВИТЕР: Се продаваат „плавата птица“, слики, инструменти…

283
Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Сопственикот на платформата X, Илон Маск, реши да организира аукција на предмети поврзани со минатото на оваа компанија, која долги години беше позната како Твитер.

На аукцијата се понудени 584 артикли, а меѓу нив се и твитер знаците кои своевремено висеа на зградата на оваа компанија, како и масички за кафе, огромни кафези за птици или слики во масло, пренесува BBC.

Еден од знаците на Твитер со познатото лого на сината птица сè уште е прикачен на зградата на компанијата во Сан Франциско, но и тој е ставен на аукција. Понудата вклучува и десетици маси и столови, штанд за диџеј и музички инструменти доволни за опремување на бенд.

Аукцијата се вика „Ребрендирање на Твитер: Онлајн аукција на сувенири, уметност, канцелариски материјали и повеќе!“ На аукцијата ќе бидат вклучени и две слики во масло од фотографии кои станаа познати на Твитер.

Минималната понуда за секој предмет е 25 долари, според аукциската куќа Heritage Global Partners, а наддавањето започнува на 12 септември и е планирано да заврши два дена подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heritage Global Partners, Inc. (@hgp_auction)