Рането едно лице во престрелка во Кочани

183

Попладнево во Кочани пред угосителски објект „Аква“ во престрелка е рането едно лице.

Според полицијата во кратка вербална расправија Драганчо Стоименов, викан Дацо Белски пукал и го повредил Драган Здравев. Инцидентот се случил во кафе барот Аква во Кочани, попладнево околу 17 часот. Откако пукал и го ранил Здравев, Стоименов избегал. Полицијата трага по него.

Стоименов има подолго досие во македонската црна хроника, имаше улога на сведок и оштетен во случајот Детонатор, а тогаш беше објавено и дека е телохранител на Сашо Мијалков. На рочиштата на судските процеси против Мијалков, многу често доаѓаше и Стоименов, објави Телевизија Телма.

Денеска иако немаше таков процес, Стоименов според судски извори доаѓал пред зградата на скопскиот кривичен суд.

МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.