Одбојкарките на Работнички, кои се воедно и актуелни шампионки, се на само еден чекор до одбрана на титулата во домашното првенство, откако славеа и на вториот натпревар од финалната серија Струмица и поведоа со 2:0 во победи.

Иако и овој натпревар Работнички го доби со „чисти“ 3-0 во сетови, сепак како и на претходниот се играше неизвесна одбојка. За тоа најдобро говори и резултатот по сетови (28:26, 25:23, 25:21).

Првата „меч“ топка за нов шампионски трофеј, трет во низа, Работнички ќе ја има во сабота на теренот на противникот во Струмица.