Километарски колони од утрово се на македонско -грчката граница , на преминот Богородица. Се чека и повеќе од еден час за влез од Македонија во Грција, а во колоните претежно се возила со регистрации од нашава земја и од Србија.

Гужви и поголеми задржувања има и на наплатните рампи.

Веројатно 1 Мај е поубав покрај морето, па повеќето граѓани се упатија кај нашиот јужен сосед каде ќе го прослават Денот на трудот, а оние кои имаа можност за спојување на работните и неработните денови, ќе бидат привилегирани па и Велигденските празници ќе ги поминат покрај морето.

Затоа не чуди, што грците во шега знаат да кажат – најдобри гости ни се од Македонија и од Србија- тие трошат и кога немаат!