Путин потпиша нова законска одредба:Стекнатото државјанство се одзема и поради дискредитација на војската

55

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за одземање на стекнатото државјанство поради дискредитација на руските вооружени сили.

На носителите на стекнато руско државјанство тоа ќе им биде одземено поради дискредитација на армијата и создавање закани за националната безбедност, според ажурираниот закон за државјанство, кој беше објавен на порталот за правни информации, пренесе РИА Новости.

Тероризмот, тешките злосторства против државата, трговијата со наркотични дроги, фалсификувањето документи, доброволната желба на граѓанинот, јавните повици за акција против територијалниот интегритет на Русија, како и дискредитацијата на руските вооружени сили може да бидат основа за одземање на стекнатото државјанство.

Дополнително, основата може да биде учество во несакана странска или меѓународна невладина организација, јавни повици за екстремизам, посегнување по животот на државници, организирање вооружен бунт со цел насилно менување на уставниот поредок на Русија, дејствија што ја загрозуваат националната безбедност, диверзантска дејност и организирање на диверзантска заедница.

Законот дозволува жалба до судот на одлуката за одземање на стекнатото државјанство поради загрозување на националната безбедност.

Дополнително, се намалува бројот на барања зсе прошируваат и овластувањата на претседателот да одредува категории за поедноставено стекнување државјанство, а повеќе од 20 категории на лица за добивање руско државјанство, а се прошируваат и овластувањата на претседателот да одредува категории за поедноставно стекнување државјанство.