Путин најави четвртата вакцина против ковид-19

53

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека наскоро ќе биде пуштена во промет четвртата вакцина против ковид-19, пренесува РИА новости.

Путин рече дека имунизацијата на населението се забрзува и дека Русија е заинтересирана за соработка со странски партнери во борбата против пандемијата.

Досега во Русија се регистрирани три вакцини против ковид-19 – „спутник В“, „епивакорона“ и „ковивак“.