Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

34

Променливо облачно со повремен локален дожд. Од пладне, особено во западните делови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.